Турските инвестиции во Македонија кои што во моментов се движат кон милијарда евра, до крајот на 2015 година се очекува да станат двојни и да достигнат 2 милијарди евра. Нагорната линија се должи на податокот што турските компании сериозно се заинтересирани да го шират бизнисот во Македонија, но не само заради пријателските корелации меѓу двете земји, туку и поради одличните економски услови што се должат на добрата инвестициска клима, особено во индустриските зони, ниски даноци, продуктивна работна сила, даночни олеснувања, како и брза регистрација на фирмите. Турција е деветти трговски партнер на Македонија, а во последниве две децении за осум пати е зголемена билатералната трговија меѓу двете земји. Од Македонија во Турција најмногу се извезуваат текстил, мермер, огноотпорни тули, феросилициум, феросиликоманган, производи од железо и челик и прехранбени производи. Од Турција, пак, најмногу се увезуваат ткаенини и теписи, моторни возила, прехранбени производи, облека и обувки, електрична опрема, бела техника, цемент, гипс, но и лекови и козметика.
Турските инвестиции во Македонија кои што во моментов се движат кон милијарда евра, до крајот на 2015 година се очекува да станат двојни и да достигнат 2 милијарди евра.
Нагорната линија се должи на податокот што турските компании сериозно се заинтересирани да го шират бизнисот во Македонија, но не само заради пријателските корелации меѓу двете земји, туку и поради одличните економски услови што се должат на добрата инвестициска клима, особено во индустриските зони, ниски даноци, продуктивна работна сила, даночни олеснувања, како и брза регистрација на фирмите.
Турција е деветти трговски партнер на Македонија, а во последниве две децении за осум пати е зголемена билатералната трговија меѓу двете земји. Од Македонија во Турција најмногу се извезуваат текстил, мермер, огноотпорни тули, феросилициум, феросиликоманган, производи од железо и челик и прехранбени производи. Од Турција, пак, најмногу се увезуваат ткаенини и теписи, моторни возила, прехранбени производи, облека и обувки, електрична опрема, бела техника, цемент, гипс, но и лекови и козметика.
Според Македонско-турската стопанската комора (МАТТО) со забрзаниот развој на трговската размена се потенцираа и потребата турската лира да стане конвертибилна валута во Македонија. Каверџи укажа дека бизнисмените сметаат дека неопходно е во земјава да се отвори и турска инвестициска област.
Никола Груевски премиерот на РМ најави дека владиното роуд-шоу за привлекување на странски инвестиции во втората половина од годинава повторно ќе замине за Турција каде ќе оствари средби со претставници на познати турски компании од повеќе сектори.
На листата на турските инвеститори во земјава има над 100 компании. Но, на врвот на листата е авио-компанијата ТАВ кој оперира со нашите аеродроми во Скопје и во Охрид. Градежниот бум го предводат компанијата ЛИМАК со проектот Јужен булеварр во Скопје, Џеваир холдингг која гради во општина Аеродром четири висококатници од по 40 ката, инвестиција вредна околу 300 милиони евра. Џеваир Холдинг" стана и сопственик на земјиштето на Водно каде што ќе се гради населбата Сончев град. По ексклузивниот здравствен бренд Европската очна болница, се одлучи и Матак - турска компанија која произведува врвна медицинска опрема, помагала да инвестира во ТИРЗ Бунарџик.
Во енергетскиот сектор инвестиции има и од турската компанија "Ќурум холдинг" од Истанбул која ја доби концесијата за минерална суровина, руди и железо за локалитетот на Тајмиште. Инвеститорот ќе гради фабрика за обработка на железо, во неа ќе вложи околу 100 милиони евра, а ќе вработи 500 лица.
Одомаќинети турски инвестиции во земјава сееРамсторр, Зорлу холдингг, а има и конкретни најави од Сабанџи холдингг за инвестирање во туризмот, градежништвото, маркетингот, а Риес текнолоџисс во индустријата за стакло.
Во банкарскиот сектор Зират банка е присутна од 1999 година. На ова семејство се придружи и Халк банка, а во индустријата е Хазнедар холдингг со инвестицијата во фабриката Вардар доломитт во Гостивар. Во млечната индустрија е Суташ" кој е подготвен покрај во Балканската млекарница" повеќе да вложува во земјоделскиот сектор.
И турските круши ќе растат на македонското поднебје. На крајот од ланската година бизнисмени од Бурса го посетија пелагонискиот крај за да се договорат за садење на овие круши. Турски бизнисмени беа и во реонот на Богданци, оти се заинтересирани за вложување во алтернативни извори на енергија и енергетика. Тие пројавуваат интерес и за комбинатот Џумајлија".